Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language

Одржан граѓански форум во Гостивар

  • 28 јануари 2019
Одржан граѓански форум во Гостивар

На 28.01.2019 година во Гостивар, во организација на Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавните претпријатија се одржа форумот „Финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти  - состојби, можности и предизвици“ како дел од проектот  „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“.

Целта на форумот е поттикнување на дискусија за утврдените состојби, како и донесување на заклучоци и препораки за подобрување на финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти, кои се дел од Истражувањето на финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти.

Во рамки на форумот беше презентирана методологијата на истражувањето и анализата на добиените резултати од проф. д-р Борче Треновски, по што следеше дискусија каде што учесниците имаа можност да ги разменат своите ставови, предлози и идеи.

Преставници од општините и граѓанските организации ја дискутираа состојбата за финансиска и нефинансиска поддршка на овие два сектори во полошкиот регион и воедно се согласија дека е потребна поголема соработка помеѓу граѓанскиот сектор и локалните власти со цел да се поттикне развојот на општините

Проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“, е финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за граѓанско општество и медиуми, а е спроведуван од: Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА) – Скопје, Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавните претпријатија (ЗФР) и Европското движење на Република Македонија (ЕДРМ).


 

Print

Name:
Email:
Subject:
Message:
x

E-информатор

Следете ги новостите во рамките на проектот или претплатете се на е-информаторот и сите информации ќе ги добивате на вашата е-адреса

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

This website was created with the financial support of the European Union. The content of the website is a responsibility of the partners and doesn't nessesarily reflects the views of the European Union.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2024 by Softage
Back To Top