Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MK
Language

News

Поставувани прашања за Јавниот Повик за финансиска поддршка на граѓански организации

  • 11 декември 2017
Поставувани прашања за Јавниот Повик за финансиска поддршка на граѓански организации

Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА)-Скопје, Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавните претпријатија- Велес (ЗФР) и Европското движење (ЕД) го спроведуваат проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија финансиран од Делегацијата на Европската унија во Скопје преку ИПА програмата за поддршка на граѓанското општество и програмата за медиуми 2015.

Проектот претставува сет од мерки за зајакнување на граѓанските организации во процесот на нивно создавање како кредибилни, отчетни и независни чинители во процесот на пристапување кон Европска унија.

Во рамките на проектот е отворен Јавен Повик за финансиска поддршка на граѓанските организации кои работат во областа на локална демократија, креирање и спроведување јавни политики на локално ниво и соработка со локални самоуправи.

Грантовите ќе бидат доделени на проекти кои ќе придонесат кон главната цел на проектот: зајакнување на улогата на граѓанските организации за ефективно учество во креирање на јавни политики на локално нови. Ќе бидат поддржани иновативни идеи за подобрување на соработката помеѓу граѓанските организации и локалните самоуправи.

Повикот предвидува доделување на најмалку 10 грантови со поединечна максимална вредност од 8.000 евра во денарска противвредност по грант, односно вкупна вредност на обезбедените средства за оваа намена од 96.000 евра.

Пријавите се доставуваат најдоцна до 17:00 часот, 24 декември 2017 на следната адреса: cso.democracy@aldaintranet.org 

Во рамките на отворениот Јавен повик беа одржани Информативни средби со граѓанските организации во Битола (хотел Премиер), Струга (хотел Дрим), Велес (хотел Романтик) и Струмица (хотел Сириус).

 

Поставувани прашања за Јавниот Повик за финансиска поддршка на граѓански организации кои работат во областа на локална демократија, креирање и спроведување јавни политики на локално ниво и соработка со локални самоуправи.

 

Дали активности од сферата на локалните културни политики може да се тема за аплицирање? 

Да. Активностите кои ќе бидат поддржани треба да придонесуваат кон исполнување на главната цел на проектот, како и да бидат во согласност со точка 4 од повикот- Подобни и неподобни активности за добивање на финансиска поддршка.  

Дали активности кои опфаќаат повеке општини (региони) се подобни за финансирање?

Да.Активностите кои опфаќаат повеќе општини(региони) се подобни за финасирање.

Дали на овој повик се сметаат подобни за аплицирање кандидатите кои  имплементираат проект од Програмата за мали грантови “Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан” ИПА II, со референтен број EuropeAid/150147/DH/ACT/PRAREG ?

На повикот не можат да учествуваат организации кои се корисници на грант (beneficiary) од Делегацијата на Европска Унија, ниту како координатор, ниту како партнер, во рамките на Програмата за ИПА за поддршка на граѓанското општество и медиумите за 2015 година (IPA CSF Civil Society Facility and Media Programme 2015) – повик EuropeAid/151- 569/DD/ACT/MK. Доколку проектот спаѓа во оваа програма тогаш апликантите не се подобни за аплицирање во рамките на овој повик.  

Дали претставува услов за доделување на грант, организацијата во претходната 2016 година да има остварено најмал вкупен приход од 2500 евра?

Не. Вкупниот износ на приходите на организацијата не представуваат услов за доделување на финансиска поддршка.

Дали регрантисти од проект на  програмата за ИПА за поддршка на граѓанското општество и медиумите за 2015 имаат право да поднесат апликација?

Да. Регрантистите од програмата на ИПА за поддршка на граѓанското општество и медиумите за 2015 година имаат право да аплицираат. На повикот не можат да учествуваат организациите кои се носечки апликанти или ко-апликанти во горенаведената програма.  

Во условите е наведено апликантот да биде регистриран најмалку 12 месеци од денот на објавувањет на повикот. Дали истиот принцип важи и за ко- апликантот?

Да. Повикот е отворен за граѓанските организации кои се регистрирани најмалку 1 година пред датумот на објавувањето на повикот, како здруженија или форми на здружување согласно со Законот за здруженија и фондации. Ова правило се однесува и за ко-апликантите.

Дали организациите кои се регистрирани помалку од една година пред објавувањето на повикот, а функционирале како неформална група во изминатиот период и имаат реализирано проекти од странски донатори се подобни за аплицирање на повикот?

Не. Повикот е отворен за граѓански организации кои се регистрирани најмалку 1 година пред датумот на објавувањето на повикот, како здруженија или форми на здружување согласно со Законот за здруженија и фондации.

Дали граѓански организации кои се неофицијално регистрирани една година пред повикот, а официјално во Централен регистар помалку од една година,  можат да аплицираат на Повикот за доделување на финансиска поддршка?

Не. Повикот е отворен за граѓански организации кои се регистрирани најмалку 1 година пред датумот на објавувањето на повикот, како здруженија или форми на здружување согласно со Законот за здруженија и фондации.

Print
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x

Search

Newsletter

Read more about the latest news from the project or subscribe to our Newsletter and get all the news in your mailbox

Digital Library

Visit our E-Library and download documents

Application

Under construction

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2018 by Softage
Back To Top