Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MK
Language

News

„Нови предизвици, нови перспективи за локалната демократија“ ќе отвори дискусија за развојот на локалната демократија

  • 15 декември 2017

На 18 декември 2017, со почеток од 10 во ЕУ Инфо Центарот во Скопје ќе се одржи конференцијата „Нови предизвици, нови перспективи за локалната демократија“. На конференцијата ќе учествуваат претставници на Министерството за локална самоуправа, дипломатски претставништва во Скопје, членови на општински совети, експерти од областа на локалната самоуправа, граѓански организации и други чинители од локално значење.

Развојот на локалната демократија е основата на демократските процеси и претставува еден од приоритетите во евроинтеграциските процеси, поради што од особено значење е зајакнувањето на демократските капацитети на сите чинители во локалните средини и интензивирањето на грaѓанското учество. Конференцијата ќе поттикне прашања за негување на локалната демократија, зголемување на граѓанското учество и соработка помеѓу локалната самоуправа и граѓанските организации во градењето на локалните политики.

Конференцијата ќе биде официјално отворена од страна на Амбасадорот на Франција, Н.Е. г Кристијан Тимоние, г-ѓа Ирена Иванова, претставник од Делегацијата на Европската унија и заменик министерот за Локална самоуправа, г. Дејан Павлески. Помеѓу панелистите се и г-н Аце Коцевски, градоначалник на Велес, г-ѓа Кристина Хаџи-Василева, експерт во областа на локалната демократија, г. Герман Филков, претседател на Центарот за граѓански комуникации и проф. Илија Тодоровски, Институт за социолошки и политичко-правни истражувања.

Конференцијата се организира во рамките на проектот Граѓанските организации во служба на локалната демократиja”. Проектот има цел да го зајакне влијанието на организациите од граѓанското општество во јавните политики на локално ниво и е реализиран од страна на Европската асоцијација за локалната деморатија (АЛДА) Скопје, Здружението на финансиските работници во локалната самоуправа и јавните претпријатија (ЗФР) и Европското движење. Проектот е финансиски поддржан од Европската унија во рамките на ИПА програмата за поддршка на граѓански организации.

Настан на „Фејсбук“
 

Documents to download

Print
Categories: Новости
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x

Search

Newsletter

Read more about the latest news from the project or subscribe to our Newsletter and get all the news in your mailbox

Digital Library

Visit our E-Library and download documents

Application

Under construction

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2018 by Softage
Back To Top