Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language

За партнерите

 

      Носител на проектот      

АЛДА Скопје

АЛДА Скопје е локална подружница на АЛДА, Европска асоцијација која работи на полето на локалната самоуправа и граѓанското учество. Активностите на АЛДА се посветени на воспоставувањето и на развивањето на соработката помеѓу локалните власти и  граѓанските организации, децентрализацијата и поддршката на процесот за интеграција на Северна Македонија во Европската унија. АЛДА Скопје веќе 7 години имплементира локални, регионални и меѓународни проекти. 
https://www.facebook.com/aldaskopje


 

      Партнери      

 

Здружение на финансиските работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија

Здружение на финансиските работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија (ЗФР) официјално е регистрирана како граѓанска професионална асоцијација во ноември 1997 година. Таa е формирана за следниве цели:

- Да го зајакне професионализмот кај финансиските работници во локалната самоуправа во Северна Македонија

- Да создаде простор за дијалог и размена на информации со цел решавање на заеднички воочените проблеми и

- Да биде претставник кој ќе ги застапува интересите на единиците на локалната самоуправа во преговорите со централната власт за фискалните и буџетските прашања

Во здружението членуваат околу 300 финансиски работници од општините и јавните претпријатија од речиси 2/3 од општините во Северна Македонија. Главната цел е креирање на организација која ќе ги претставува сите општини во државата. За таа цел, Извршниот одбор назначи 24 регионални координатори, кои работат на промоцијата на  активностите на ЗФР и регрутираат нови членови.
http://www.zfr.org.mk


Европско движење во Република Македонија

Европското движење во Република Македонија (ЕДРМ) е дел од меѓународното Европско движење (ЕМИ), формирано во 1948 година како рамковна организација на илјадници национални, регионални и локални тела на бројни политички, граѓански и невладини организации. Со 42 национални совета и 27 организации како придружни членки, Меѓународното Европско движење одигра клучна улога во оформувањето на современа Европа. Од своето основање во 1991 година, Европското движење во Република Македонија континуирано работи на афирмација на процесите на евроинтеграција на Северна Македонија како и на создавање услови за забрзување на интегративниот процес на Република Северна Македонија кон ЕУ.
http://www.europeanmovement.org.mk


АЛДА – Европска асоцијација за локална демократија

АЛДА – Европска асоцијација за локална демократија е посветена на промовирањето на доброто владеење и граѓанската партиципација на локално ниво. АЛДА се фокусира на активности кои ја подобруваат соработката помеѓу цивилното општество и локалните власти.

АЛДА е основана во 1999 година на иницијатива на Советот на Европа со цел да ја координира и поддржува мрежата агенции за локална демократија, самоодржливи, локално регистрирани невладини организации кои делуваа како промотери на доброто владеење и локалната самоуправа. Денес АЛДА е клучен фактор на полето на локалната демократија, активното граѓанство и соработката помеѓу локалните власти и граѓанското општество.

АЛДА е организација во која членуваат преку 250 членки (вклучувајќи ги локалните власти, здруженијата на локалните власти и граѓански организации) од преку 40 земји. АЛДА е финансирана од членарини како и од фондовите на Европската унија и на Советот на Европа наменети за проекти, како и од јавни и приватни донатори.
http://www.alda-europe.eu/newSite

E-информатор

Следете ги новостите во рамките на проектот или претплатете се на е-информаторот и сите информации ќе ги добивате на вашата е-адреса

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

Партнери


 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.


Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2024 by Softage
Back To Top