Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language


Дигитална библиотека

Истражување „Користење на ЕУ фондовите од страна на општините во Република Македонија“

Истражување „Користење на ЕУ фондовите од страна на општините во Република Македонија“

Целта на ова истражување е да даде објективна анализа за користењето на европските фондови од страна на општините, односно да ги проучи клучните предизвици со кои се соочуваат општините при аплицирањето и спроведувањето европски проекти и да предложи мерки за поголемо вклучување и поквалитетно искористување на ЕУ фондовите од страна на општините во Република Македонија.

„Стратегија за соработка помеѓу владата и граѓанското општество“

„Стратегија за соработка помеѓу владата и граѓанското општество“

Во 2007 година, Владата на Република Македонија ја усвои првата Стратегија за соработка на Владата со граѓанското општество и Акциониот план 2007-2011 година. Така, Владата ја истакна важноста на граѓанското општество во целина, со што се отвори основата за нејзината соработка со ГО и презеде систематски пристап во зајакнувањето на основните услови за побрз и поефикасен развој на овој сектор. 

„Закон за локална самоуправа на Република Македонија“

„Закон за локална самоуправа на Република Македонија“

Со овој закон се уредуваат: надлежностите на општината; непосредното учество на граѓаните во одлучувањето; организацијата и работата на органите на општината; општинската администрација; актите на органите; имот-сопственост на општината; надзорот над работата на органите на општината; распуштањето на советот на општината; механизмите на соработка меѓу општините и Владата на Република Македонија; месната самоуправа; заштитата на локалната самоуправа; утврдување на службени јазици во општините и други прашања од значење за локалната самоуправа.

Документ „Соработка помеѓу локалните власти и граѓанското општество во Република Македонија“

Документ „Соработка помеѓу локалните власти и граѓанското општество во Република Македонија“

Главната цел на студијата е увид во механизмите за меѓусекторска соработка и дијалошки механизми на локално ниво и на таа основа да се донесат серија препораки за понатамошен развој на методологијата и транспарентен систем за финансиска и нефинансиска поддршка за граѓанските организации, на локално ниво.

Публикација „Истражување на финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти”

Публикација „Истражување на финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти”

На кој начин општините ги поддржуваат граѓанските организации? Дали соработката помеѓу локалната самоуправа и граѓанскиот сектор е подобрена? Кои општини јавно објавиле повик за проекти? Публикацијата “Истражување на финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти” ги содржи одговорите на овие прашања и многу повеќе. 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално ниво

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално ниво

Оваа публикација е подготвена за потребите на Институтот за човекови права „Лудвиг Болцман“ – БИМ-ФВ, Скопје, во рамките на проектот „Социјална инклузија и човекови права во Македонија“. Целта на проектот е примена на пристапот заснован на човековите права на полето на намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост на национално и на локално ниво, што вклучува идентификување на ранливите групи, нивно директно вклучување во процесите на донесување одлуки што ќе влијаат врз нивниот живот, како и воспоставување систем за мониторинг и отчетност на носителите на обврски. Предмет на оваа анализа беше утврдување на состојбата, односно на потребите во однос на социјалното вклучување на локално ниво во следниве шест општини: Штип, Прилеп, Кичево, Сарај, Чашка и Радовиш. 

Учество на граѓани во носење на одлуки на локално ниво

Учество на граѓани во носење на одлуки на локално ниво

Еден од најделотворните механизми за зголемување на учеството и вклученоста на граѓаните во процесот на управување и за подобрување на стабилноста и безбедноста на заедниците е токму децентрализацијата. Децентрализацијата претставува процес за кој е потребно одржливо и организирано залагање на институциите вклучени на локално и централно ниво. Овој процес повлекува и постојано прилагодување на односите помеѓу разните учесници по пат на постојан дијалог и комуникација.

Прирачник за промовирање на принципите на демократско управување во советите на единиците на локалната самоуправа

Прирачник за промовирање на принципите на демократско управување во советите на единиците на локалната самоуправа

За правилно функционирање на Советот како „законодавно“ тело на локално ниво, кое ја води политиката и ги усвојува актите во општината, од суштинско значење е неговите членови и членки да поседуваат критични знаења во врска со законските права и надлежности кои тие ги имаат како избрани претставници/претставнички. Оттука, сметаме дека овој Прирачник во голема мера ќе го олесни добивањето на потребни знаења на членовите и членките на општинските совети, ќе разреши некои од дилемите со кои членовите и членките на советите се соочуваат во врска со законското работење. На крајот се надеваме дека употребата на Прирачникот ќе придонесе кон поголема ефикасност, ефективност, транспарентност и спроведување на надзор во вршењето на советничката функција на локално ниво. Прирачникот дава можност за размислување, односно го отвора хоризонтот за натамошно дејствување и креирање на поголема политичка волја од локалните избрани претставници и претставнички во насока на развивање на локалната демократија. 

Општини во РМ и ЕУ фондови

Општини во РМ и ЕУ фондови

Проширувањето на ЕУ е двонасочен процес. Новите земји членки добиваат корист со тоа што припаѓаат на организација која е најголем трговски блок во светот, со повеќе од 500 милиони потрошувачи. Од друга страна, ЕУ има корист од тоа што се проширува на нови територии, што прифаќа нови култури и се поврзува со нови пазари. Во последно време, овој процес поприми нови димензии кога ЕУ започна да ги интегрира земјите кои се наоѓаат на нејзините источни граници. Многу земји мораа да превземат големи реформи – економски, политички и општествени – со цел да ги исполнат критериумите за членство во ЕУ. Иако овие реформи носат благосостојба на национално ниво, тие исто така наметнуваат скапи внатрешни инвестиции и презентираат предизвици на патот кон пристапување на ЕУ. Со цел да го олесни процесот на пристапување, ЕУ создаде различни видови на помош, како финансиска така и техничка.

Извештај со активности за агенциите за локална демократија

Извештај со активности за агенциите за локална демократија

АЛДА ја координира и поддржува мрежата на 14 локални агенции за демократија (ЛДА) и 3 оперативни партнери (ОП) во нивните активности. АЛДА работи низ проширената Европа. Повеќето од локалните агенции за демократија се наоѓаат во Западен Балкан, но АЛДА е се поактивна во европското соседство со 5 ЛДА во разни земји од Источно партнерство и првиот во Јужното соседство, во Каируан (Тунис), основано во 2017 година. ЛДА и ОП се поддржани од повеќе од 100 партнери (локални власти и граѓански организации) низ цела Европа, обезбедуваат финансиска и политичка поддршка за исполнување на нивниот мандат и за придружба на локалната демократија, зајакнување на граѓанското општество и учество во процесот на донесување одлуки на локално ниво.

Во овој извештај е претставена деталната програма за активностите на локалните агенции за демократија во 2018 година.

Нацрт-Анализа : Добро владеење на општинската демократија и граѓанското учество на ниво на локална самоуправа

Нацрт-Анализа : Добро владеење на општинската демократија и граѓанското учество на ниво на локална самоуправа

Проектот насловен како „Добро владеење на општинската демократија и граѓанското учество на ниво на локална самоуправа“ содржи активности кои се насочени кон иницирање општествени промени на локално ниво во РМ, во насока на доследно практикување на демократските вредности и непречено учество на граѓаните во одлучувањето на локално ниво. Со истражување на состојбите во 8 избрани општини во РМ од аспект на: нивното управувањето со јавните финансии, фискалната транспарентност, контролата и ревизијата на трошењето на јавните пари, преземените реформски активности и иницијативи од граѓаните во последните 3 години, ќе се добијат информации за видот и квантумот на преземени активности на локално ниво по иницијатива на граѓаните.

Прирачник за процесот на децентрализација во Република Македонија - Јас и мојата општина

Прирачник за процесот на децентрализација во Република Македонија - Јас и мојата општина

Децентрализација на власта значи ослободување на централната власт од дел од надлежностите и нивно пренесување на локално ниво, на Општините и на Градот Скопје. 
Со децентрализацијата на власта, голем дел на прашања што се од исклучива важност за граѓаните, добија локално значење. На тој начин граѓаните добија можност директно да учествуваат во организирањето на највиталните области од своето живеење.

Прирачник за градоначалници

Прирачник за градоначалници

Во ова издание дополнително се осврнуваме на улогата на Советот на единицата на локалната власт, односно на активностите и надлежностите што ги извршуваат општинските советници.Прирачникот има и големо симболично значење за ЗЕЛС и за општините, бидејќи преку него ЗЕЛС го воспоставува првиот чекор на взаемната комуникација со новоизбраните структури во сите нејзини членки, а тоа се сите 80 општини во Република Македонија, заедно со градот Скопје, како посебна единица на локалната власт. Прирачникот го отвора хоризонтот и за натамошното заедничко лобирање за подобрување на законската регулатива и обезбедувањето на поголема финансиска независност на општините, зајакнати општински совети, создавање на ефективна и ефикасна администрација и подобри општински услуги. Поточно, прирачникот треба да ја претставува основата за натамошно унапредување на заедничките напори во насока на обезбедување на модерни европски општини, во кои граѓаните ќе имаат добри услови за живот и квалитетни услуги.

Стратегија на Град Скопје за соработка со граѓанските организации со Акциски план (2019-2021)

Стратегија на Град Скопје за соработка со граѓанските организации со Акциски план (2019-2021)

Граѓанскиот сектор, покрај јавниот и деловниот сектор, претставува важен партнер на локалната самоуправа во креирање и реализирање иницијативи за подобар живот на граѓаните. Токму улогата на граѓанските организации е да ја застапува својата целна група (граѓаните) и нивните потреби пред локалната самоуправа. Еден од клучните процеси во работењето на локалната самоуправа е програмирањето на финансиските средства кои треба да бидат искористени за решавање на клучните предизвици на граѓаните. Во рамките на тој процес,граѓанските организации треба да играат поголема улога. Градот Скопје вложува напори за зголемена поддршка на граѓаните преку здруженија на граѓани, фондации, кои се мост кон локалното население. Токму затоа, оваа Стратегија претставува двонасочен канал за комуникација на Градот со граѓанските организации. 

Предизвици во системот за локални даноци кај општините во Северна Македонија: Фокус на данокот на имот

Предизвици во системот за локални даноци кај општините во Северна Македонија: Фокус на данокот на имот

Целта на овој документ како што наведува и насловот е идентификување на предизвиците со кои се соочуваат општините во Република Северна Македонија со системот за локални даноци, а со фокус на данокот на имот. Предизвиците кои се идентификуваат се разгледуваат низ елементите на данокот на имот и тоа предизвици во утврдување на даночната база и процена на вредноста на имотот како и управувањето со системот (техничко- административни).

Зајакнување на локално учество и соработка преку партнерство со јавни власти и граѓански организации во Босна и Херцеговина – Линк за соработка

Зајакнување на локално учество и соработка преку партнерство со јавни власти и граѓански организации во Босна и Херцеговина – Линк за соработка

Проектот промовира принципи на добро управување со цел ефективно и одговорно работење на единиците на локалната самоуправа во Босна и Херцеговина. Проектот има за цел да ги зајакне капацитетите на локалните власти (советници и општински службеници) и граѓанското општество во спроведувањето на активности за партиципативно учество. 

Барај

E-информатор

Следете ги новостите во рамките на проектот или претплатете се на е-информаторот и сите информации ќе ги добивате на вашата е-адреса

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2021 by Softage
Back To Top