Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language


Дигитална библиотека

„Стратегија за соработка помеѓу владата и граѓанското општество“

„Стратегија за соработка помеѓу владата и граѓанското општество“

Во 2007 година, Владата на Република Македонија ја усвои првата Стратегија за соработка на Владата со граѓанското општество и Акциониот план 2007-2011 година. Така, Владата ја истакна важноста на граѓанското општество во целина, со што се отвори основата за нејзината соработка со ГО и презеде систематски пристап во зајакнувањето на основните услови за побрз и поефикасен развој на овој сектор. 

„Закон за локална самоуправа на Република Македонија“

„Закон за локална самоуправа на Република Македонија“

Со овој закон се уредуваат: надлежностите на општината; непосредното учество на граѓаните во одлучувањето; организацијата и работата на органите на општината; општинската администрација; актите на органите; имот-сопственост на општината; надзорот над работата на органите на општината; распуштањето на советот на општината; механизмите на соработка меѓу општините и Владата на Република Македонија; месната самоуправа; заштитата на локалната самоуправа; утврдување на службени јазици во општините и други прашања од значење за локалната самоуправа.

Документ „Соработка помеѓу локалните власти и граѓанското општество во Република Македонија“

Документ „Соработка помеѓу локалните власти и граѓанското општество во Република Македонија“

Главната цел на студијата е увид во механизмите за меѓусекторска соработка и дијалошки механизми на локално ниво и на таа основа да се донесат серија препораки за понатамошен развој на методологијата и транспарентен систем за финансиска и нефинансиска поддршка за граѓанските организации, на локално ниво.

Прирачник за промовирање на принципите на демократско управување во советите на единиците на локалната самоуправа

Прирачник за промовирање на принципите на демократско управување во советите на единиците на локалната самоуправа

Од почетокот на процесот на децентрализација во 2005 година, повеќе организации спроведуваа програми за градење на капацитетите на општинските органи. Со последните локални избори во земјата во 2017 година беа етаблирани новите состави на општинските совети и функцијата член/членка на совет ја презедоа вкупно 1347 избрани претставници и претставнички во сите 81 единица на локалната самоуправа(ЕЛС). Голем дел од нив за првпат стапија на советничката функција. Мисијата на ОБСЕ во Скопје во целиот овој период спроведува програми за поддршка на избраните претставници и претставнички во општинските совети.

Локалната самоуправа и администрација на Косово

Локалната самоуправа и администрација на Косово

Реформата на локалната самоуправа на Косово стана видно прашање на почетокот на октомври 2002 година, со објавувањето на Седумте плански точки за Митровица, од страна на тогашниот специјален претставник на генералниот секретар на Обединетите нации (ООН), Мајкл Штајнер. Планот на Штајнер се понуди да ја децентрализира локалната власт како замена за учеството на косовските Срби на локалните избори од октомври 2002 година. Иако понудата до српската заедница имаше сомнителен успех во оваа насока, децентрализацијата остана на агендата, при што специјален претставник на генералниот секретар повика на поширок процес опфаќајќи ги сите Косовски општини.

Прирачник за промовирање на принципите на демократско управување во советите на единиците на локалната самоуправа

Прирачник за промовирање на принципите на демократско управување во советите на единиците на локалната самоуправа

За правилно функционирање на Советот како „законодавно“ тело на локално ниво, кое ја води политиката и ги усвојува актите во општината, од суштинско значење е неговите членови и членки да поседуваат критични знаења во врска со законските права и надлежности кои тие ги имаат како избрани претставници/претставнички. Оттука, сметаме дека овој Прирачник во голема мера ќе го олесни добивањето на потребни знаења на членовите и членките на општинските совети, ќе разреши некои од дилемите со кои членовите и членките на советите се соочуваат во врска со законското работење. На крајот се надеваме дека употребата на Прирачникот ќе придонесе кон поголема ефикасност, ефективност, транспарентност и спроведување на надзор во вршењето на советничката функција на локално ниво. Прирачникот дава можност за размислување, односно го отвора хоризонтот за натамошно дејствување и креирање на поголема политичка волја од локалните избрани претставници и претставнички во насока на развивање на локалната демократија. 

Прирачник за демократијата на локално ниво

Прирачник за демократијата на локално ниво

Бидејќи демократијата не е настан, туку комплексен и континуиран процес, од суштинско значење е неговото формирање и развој да бидат соодветно управувани и негуваат. Во овој поглед, овој прирачник ќе биде многу корисна алатка во процесот на промовирање и развој за демократија на локално ниво. Тоа ќе биде суштински референтен документ за сите оние кои се вклучени во политичките и административните процеси на демократизација. Тоа ќе го подобри капацитетот на луѓето да управуваат со различностите и да дизајнираат соодветни системи за да одговараат на различни нивоа и степени на демократизација.

Прирачник за градоначалници и членови на општински совети

Прирачник за градоначалници и членови на општински совети

Овој прирачник ќе Ви овозможи да научите за сите информации и закони потребни за да Ви помогнеме успешно да ги извршувате своите должности во текот на следните четири години. Колку побрзо ќе се запознаете со правната рамка, толку подобро ќе можете да започнете да ги извршувате овие должности. Во голема мерка, вашето работење во текот на вашиот мандат зависи од вашето познавање на законите што се однесуваат на локалната самоуправа. Затоа е важно, да разберете дека на локалната самоуправа му е дадено посебно место во рамките на уставот и законите на оваа земја. Во тоа, вие сте одговорвни со уште поголема обврска да работите добро, за да ја оправдате вербата што граѓаните Ви ја довериле.

Локална и регионална самоуправа во Европа

Локална и регионална самоуправа во Европа

Денес, Советот на европски општини и региони (ЦЕМР) е најшироката организација што ги претставува Европските локални и регионални влади. Нејзините членови се 54 национални здруженија на општини и региони од 40 европски земји, кои претставуваат над 100 000 локални и регионални власти. Нашата сила се потпира на силна соработка помеѓу Генералниот секретаријат, со седиште во Брисел и Париз, експерти од нашите здруженија членки и активни локални и регионални политичари. Заедно, ние се залагаме за вистинско партнерство помеѓу сите чинители на европското управување и за примена на принципот каде треба да се справат со најнискиот или најмалку централизираниот надлежен орган.
 

Стратегија на Град Скопје за соработка со граѓанските организации со Акциски план (2019-2021)

Стратегија на Град Скопје за соработка со граѓанските организации со Акциски план (2019-2021)

Граѓанскиот сектор, покрај јавниот и деловниот сектор, претставува важен партнер на локалната самоуправа во креирање и реализирање иницијативи за подобар живот на граѓаните. Токму улогата на граѓанските организации е да ја застапува својата целна група (граѓаните) и нивните потреби пред локалната самоуправа. Еден од клучните процеси во работењето на локалната самоуправа е програмирањето на финансиските средства кои треба да бидат искористени за решавање на клучните предизвици на граѓаните. Во рамките на тој процес,граѓанските организации треба да играат поголема улога. Градот Скопје вложува напори за зголемена поддршка на граѓаните преку здруженија на граѓани, фондации, кои се мост кон локалното население. Токму затоа, оваа Стратегија претставува двонасочен канал за комуникација на Градот со граѓанските организации. 

Предизвици во системот за локални даноци кај општините во Северна Македонија: Фокус на данокот на имот

Предизвици во системот за локални даноци кај општините во Северна Македонија: Фокус на данокот на имот

Целта на овој документ како што наведува и насловот е идентификување на предизвиците со кои се соочуваат општините во Република Северна Македонија со системот за локални даноци, а со фокус на данокот на имот. Предизвиците кои се идентификуваат се разгледуваат низ елементите на данокот на имот и тоа предизвици во утврдување на даночната база и процена на вредноста на имотот како и управувањето со системот (техничко- административни).

Барај

E-информатор

Следете ги новостите во рамките на проектот или претплатете се на е-информаторот и сите информации ќе ги добивате на вашата е-адреса

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2021 by Softage
Back To Top