Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language


Дигитална библиотека

Документ „Соработка помеѓу локалните власти и граѓанското општество во Република Македонија“

  • 21 септември 2019
Документ „Соработка помеѓу локалните власти и граѓанското општество во Република Македонија“

Главната цел на студијата е увид во механизмите за меѓусекторска соработка и дијалошки механизми на локално ниво и на таа основа да се донесат серија препораки за понатамошен развој на методологијата и транспарентен систем за финансиска и нефинансиска поддршка за граѓанските организации, на локално ниво. Ефективните, функционални и одржливи механизми за соработка се клучен предуслов за создавање на овозможувачка околина за активно учество на граѓанското општество и граѓанскиот активизам на локално ниво. Oвие начела, ги вклучуваат секако и основните принципи: почитување на човековите права и основните слободи, владеење на правото, почитување на основните демократски принципи, политичка ангажираност, јасни процедури, отворен простор за дијалог и поттикнување на услови за енергично, плуралистичко и одржливо граѓанско општество. Придржувањето кон овие принципи, како интегриралнина европските вредности и стандарди на добро владеење и демократско учество, може да се смета како доказ за напредокот кој е постигнат во рамките на процесот на реформи за интеграција во Европската Унија. Со оглед на улогата на локалните власти, нивните ингеренции преку кои се спроведуваат три четвртини од легислативата на Европската Унија и улогата на граѓанското општество како главен чинител, способен да го доближи овој процес до граѓаните, соработката помеѓу двата „природни“ партнери во остварувањето на реформите на локално ниво стануваат се поважни за веродостојна перспектива за пристап во ЕУ не само за Република Македонија, туку и за целиот Западен Балкан.

Издавач: Европска асоцијација за локална демократија - АЛДА Скопје
Автор: Кристина Хаџи-Василева, Билјана Цветановска Гугоска, Станка Парач Дамјановиќ 
Година на издавање: 2018

Documents to download

Print

Name:
Email:
Subject:
Message:
x

Барај

E-информатор

Следете ги новостите во рамките на проектот или претплатете се на е-информаторот и сите информации ќе ги добивате на вашата е-адреса

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2021 by Softage
Back To Top