Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language


Новости

Граѓански буџет на Општина Кавадарци за 2019 година 30јан
2020

Граѓански буџет на Општина Кавадарци за 2019 година

Во овој документ може сликовито и детално да се погледне граѓанскиот буџет на општина Кавадарци за 2019 година. (Приходи и расходи)
Брошура - Моја општина, мое право

Брошура - Моја општина, мое право

27 јануари 2020
Граѓаните и граѓанските здруженија особено треба да се интересираат за новите типови на одлуки, алтернативите за вклучување во процесот на одлучување и правото на жалба. Тие можат ефективно да го зголемат своето...
Граѓаните и граѓанските здруженија особено треба да се интересираат за новите типови на одлуки, алтернативите за вклучување во процесот на одлучување и правото на жалба. Тие можат ефективно да го зголемат своето знаење преку присуствување на семинари и работилници, размена на искуства со други организации, читање на стручна литература, гледање на образновни видео материјали итн.
Брошура - Учество на јавноста во донесување одлуки

Брошура - Учество на јавноста во донесување одлуки

21 јануари 2020
Учеството на граѓаните во процесот на донесување на одлуки е процес кој е од суштинско значење за локалната демократија. Овој процес овозможува транспарентност во работењето на локалнта самоуправа, но воедно и...

Учеството на граѓаните во процесот на донесување на одлуки е процес кој е од суштинско значење за локалната демократија. Овој процес овозможува транспарентност во работењето на локалнта самоуправа, но воедно и овозможува поголема одговорност на локалните валсти при донесувањето на одлуки. Нeопходна е двонасочна комуникација во споделување на информации за локалните политики и локалната власт: граѓаните се обраќаат до локалната власт со прашањата кои ги засегаат, а локалната власт ги информира граѓаните за спроведувањето на локалните политики. Вклученоста на граѓаните во работењето на општините е овозможена со законите и општинските статути и акти.

Истражување - Партнерството мотор на демократијата

Истражување - Партнерството мотор на демократијата

21 јануари 2020
Центарот за истражување и анализи НОВУС во рамките на проектот „Партнерството мотор на демократијата“- Граѓанските организации активен партнер во креирањето, носењето и спроведувањето на локалните...

Центарот за истражување и анализи НОВУС во рамките на проектот „Партнерството мотор на демократијата“- Граѓанските организации активен партнер во креирањето, носењето и спроведувањето на локалните политики во Општина Струмица, како и функционирањето на правосудниот систем во локалната заедница во функција на унапредувањето на демократските процеси во локалната заедница и градењето граѓанско општество со еднакви можности за сите, во соработка со општина Струмица ре-грантиран преку проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“, финансиски поддржан од Европската Унија имплементиран од Европска Асоцијација за Локална Демократија АЛДА, Здружението на финансиски работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија и Европското движење на Република Македонија реализираше и спроведе истражување за тоа каква е перцепцијата на граѓаните за независноста и објективноста на судството во општина Струмица.
 

Истражување - Партнерството мотор на демократијата
21 јануари 2020

Истражување - Партнерството мотор на демократијата

Демократијата претставува облик на управување каде што државната власт произлегува од луѓето. Зборот „демократија“ води потекло од старогрчките зборови demos – што значи народ – и kratos – што значи власт.Начелата на современата демократија постапно се развија од калвинистичкото религиозно движење во текот на 17-тиот век, особено во Шкотска, Англија и Холандија, каде што заедниците започнале да се поддржуваат и да ги споделуваат не само религиозните, туку и политичките идеи. Се појави филозофијата на слобода и еднаквост за сите и тие беа натаму зајакнати во текот на периодот на просветителството, за подоцна да бидат признати како основни вредности на демократијата. Првата модерна демократска држава беше формирана во САД, додека Франција беше првата европска држава којашто беше изградена врз демократски принципи, по завршувањето на Француската револуција.

RSS

Барај

E-информатор

Следете ги новостите во рамките на проектот или претплатете се на е-информаторот и сите информации ќе ги добивате на вашата е-адреса

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2020 by Softage
Back To Top