Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language


Новости

Стратегија на Град Скопје за соработка со граѓанските организации со Акциски план (2019-2021) 9јан
2020

Стратегија на Град Скопје за соработка со граѓанските организации со Акциски план (2019-2021)

Граѓанскиот сектор, покрај јавниот и деловниот сектор, претставува важен партнер на локалната самоуправа во креирање и реализирање иницијативи за подобар живот на граѓаните. Токму улогата на граѓанските организации е...
Извештај за проценка на состојбата на локалната демократија

Извештај за проценка на состојбата на локалната демократија

8 јануари 2020
Улогата на граѓанинот е фундаментална за континуирано подобрување на перформансите на демократските институции, особено за вистинскиот опстанок на демократијата. Во последниве години, видовме бројни примери на...

Улогата на граѓанинот е фундаментална за континуирано подобрување на перформансите на демократските институции, особено за вистинскиот опстанок на демократијата. Во последниве години, видовме бројни примери на движења водени од луѓе на сите континенти. Во огромното мнозинство на случаи, граѓаните не протестираат против демократијата, туку тие бараат поголема демократија и демократија со повисок квалитет.Обидите за градење демократија и оригинална социјална трансформација бараат институционализирани механизми за зафаќање и структурирање на перспективите на граѓаните, аспирациите и визиите на нивните демократии. Проценките предводени од граѓаните го овозможуваат ова.

Состојбата на локалната демократија во Централна Европа

Состојбата на локалната демократија во Централна Европа

31 декември 2019
Иницијатива за реформи на локалната самоуправа и јавните служби (LGI), како една од програмите на Институтот отворено општество (ОСИ), е меѓународна организација за развој и давање грантови, посветена на поддршката...

Иницијатива за реформи на локалната самоуправа и јавните служби (LGI), како една од програмите на Институтот отворено општество (ОСИ), е меѓународна организација за развој и давање грантови, посветена на поддршката на добро управување во земјите од Централна и Источна Европа (ЦИЕ) и Ново независните држави (НИС). Иницијатива за реформи на локалната самоуправа и јавните служби се обидува да ја исполни своjата мисија преку иницирање на истражување и поддршка на развојни и оперативни активности од областа на децентрализацијата, формирањето на јавната политика и реформата на јавната администрација.

Програма Форуми во заедниците 2006-2016

Програма Форуми во заедниците 2006-2016

31 декември 2019
Форумот во заедницата е алатка за вклучување на граѓаните во процесот на донесување одлуки на општинско ниво што започна да се применува во 2006 година во Република Македонија, по иницијатива на Швајцарската агенција...

Форумот во заедницата е алатка за вклучување на граѓаните во процесот на донесување одлуки на општинско ниво што започна да се применува во 2006 година во Република Македонија, по иницијатива на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC). Овој процес се одвиваше паралелно со процесот на децентрализација во државата, којшто во 2005 година доби реална димензија со почетокот на спроведување на фискалната децентрализација што овозможи законите коишто беа донесени во претходните години да почнат да се ефектуираат. Програмата, во текот на 10 години, имаше повеќе фази, а 59 општини спроведоа 111 форумски процеси со неколку типови на форуми – проектен, меѓуопштински и буџетски.

Прирачник за градоначалници
31 декември 2019

Прирачник за градоначалници

Во ова издание дополнително се осврнуваме на улогата на Советот на единицата на локалната власт, односно на активностите и надлежностите што ги извршуваат општинските советници.Прирачникот има и големо симболично значење за ЗЕЛС и за општините, бидејќи преку него ЗЕЛС го воспоставува првиот чекор на взаемната комуникација со новоизбраните структури во сите нејзини членки, а тоа се сите 80 општини во Република Македонија, заедно со градот Скопје, како посебна единица на локалната власт. Прирачникот го отвора хоризонтот и за натамошното заедничко лобирање за подобрување на законската регулатива и обезбедувањето на поголема финансиска независност на општините, зајакнати општински совети, создавање на ефективна и ефикасна администрација и подобри општински услуги. Поточно, прирачникот треба да ја претставува основата за натамошно унапредување на заедничките напори во насока на обезбедување на модерни европски општини, во кои граѓаните ќе имаат добри услови за живот и квалитетни услуги.

RSS

Барај

E-информатор

Следете ги новостите во рамките на проектот или претплатете се на е-информаторот и сите информации ќе ги добивате на вашата е-адреса

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2020 by Softage
Back To Top