Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language

Новости

#Локална демократија на “Ден на граѓанските организации” во Скопје

  • 17 септември 2019
#Локална демократија на “Ден на граѓанските организации” во Скопје

Во насока на создавање на поволна средина за граѓанскиот сектор и интерактивно катче за граѓаните да можат да се сретнат со граѓанските организации, Цивика Мобилитас и Македонскиот Центар за Меѓународна Соработка (МЦМС) организираа по втор пат, ден на Граѓанските организации во Скопје, на 14 септември 2019 година, во паркот Ибни Пајко и на плоштадот Скендербег.

Околу 1000 граѓани имаа можност да ги посетат штандовите на повеќе од 80 Граѓански организации, кои ги презентираа нивните активности во различни области како младински политики, локална демократија, едукација и тренинг, закон на правото итн. Посетителите исто така учествуваа во различни работилници, игри, активности за застапување и предавања.

АЛДА Скопје ја искористи оваа можност да го претстави проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократиja“ на граѓаните кои го посетија настанот. Проектниот тим ги ангажираше учесниците со тоа што ги прашаа што е за нив локална демократија, каква промена сакаат да видат во нивните општини и каква порака би споделиле со нивните градоначалници. Потоа учесниците беа замолени анонимно да го остават својот одговор во кутијата за застапување.

Имаше различни одговори од граѓаните, но повеќето од нив имаа заедничко барање : Поголемо вклучување на граѓаните во процесите на донесување на одлуки.

Имајќи го во предвид огромниот придонес на граѓанските организации во општеството и заедницата, денот на Граѓанските организации, беше одлична можност за граѓаните да се информираат, како и да се вклучат во активностите и иницијативите на граѓанските организации, како што е проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократиja“.

Овој настан беше добра прилика да се промовира проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократиja”, реализиран од страна на Европската асоцијација за локалната деморатија (АЛДА) Скопје, Здружението на финансиските работници во локалната самоуправа и јавните претпријатија (ЗФР) и Европското движење. Проектот е финансиски поддржан од Европската унија.

Print
Categories: Новости
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x

Барај

E-информатор

Следете ги новостите во рамките на проектот или претплатете се на е-информаторот и сите информации ќе ги добивате на вашата е-адреса

Дигитална библиотека

Посетете ја нашата дигитална библиотека и преземете документи

Апликација

Во изработка

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2019 by Softage
Back To Top