Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language


Новости

Панел дискусија: “Социо-Економските перспективи на младите во Општина Прилеп и Пелагонискиот Плански регион” во Прилеп

  • 25 февруари 2019
Панел дискусија: “Социо-Економските перспективи на младите во Општина Прилеп и Пелагонискиот Плански регион” во Прилеп

На 22.02.2019 се одржа панел дискусија на тема “Социо–Економските перспективи на младите во Општина Прилеп и Пелагонискиот Плански регион” во Прилеп организирана од страна на Европско движење. 

Панелот го отворија Градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски и Проф. Д–р Милева Ѓуровска од ЕДРМ ставајќи го фокусот на младите, нивните предизвици и можности. Говорителите им се обратија на младите потенцирајќи ја важноста да се слушне нивниот глас и им дадоа совети како да влијаат на политиките во општината кои се однесуваат на нив. 

Младите кои беа дел од панелот ги изразија своите мислења за недостатокот на квалитет на живот во општината, неправилности при одредени процедури поврзани со младинските размени како и општите недостатоци на едукативниот систем. Тие истакнаа дека иако  пробуваат да станат повидливи за општеството наидуваат на затворени врати. Тие побараа да се даде фер шанса и да се намали вработувањето со врски. 

Говорителите и младите се согласија дека ваквите панели со одлична можност на поврзување на локалната самоуправа со граѓаните, посебно со младите луѓе . 

Панелот беше организиран во рамките на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократиja”, реализиран од страна на Европската асоцијација за локалната деморатија (АЛДА) Скопје, Здружението на финансиските работници во локалната самоуправа и јавните претпријатија (ЗФР) и Европското движење. Проектот е финансиски поддржан од Европската унија. 
 

Print
Categories: Новости
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x

Барај

E-информатор

Следете ги новостите во рамките на проектот или претплатете се на е-информаторот и сите информации ќе ги добивате на вашата е-адреса

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2019 by Softage
Back To Top