Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language


Новости

Европска недела за граѓаните во Каен

  • 22 мај 2019
Европска недела за граѓаните во Каен

Европската асоцијација на агенции за локална демократија – АЛДА, во рамките на своетот годишно генерално собрание, ја организираше Европската недела за граѓаните во градот Каен во Франција. Низа настани беа одржани во период од 15 до 17 мај 2019 год. на кои беа претставени различните проекти кои ги спреведува АЛДА и нејзината канцеларија во Скопје. 

Повеќе од 100 учесници од над 20 земји имаа можност да се запознаат со темата локална демократија и активно да учествуваат во панел дискусиите, дебатите и работилниците. Претставниците од граѓанските организации, локалната самоуправа и екперти имаа можност да се запознаат меѓу себе и да разменат искуства за активното европско граѓанство.

Овој настан беше одлучна можност да се промовира проектот Граѓанските организации во служба на локалната демократија и да се споделат досега остварените резултати.

Print
Categories: Новости
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x

Барај

E-информатор

Следете ги новостите во рамките на проектот или претплатете се на е-информаторот и сите информации ќе ги добивате на вашата е-адреса

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2019 by Softage
Back To Top