Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language

Новости

Локалната демократија: можност за развој и вмрежување

  • 19 април 2019
Локалната демократија: можност за развој и вмрежување

Проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ се придружи на локалните организации и бизниси на Саемот за вработување и кариера на Универзитетот ФОН на 17 април 2019 година. 

Проектот и неговите локални активности беа презентирани на учесниците на саемот и на минувачите од страна на  преставниците на АЛДА Скопје, кои ги споделија можностите за соработка помеѓу локалната самоуправа и граѓанскиот сектор, дискутираа како оваа соработка може да допринесе кон локален развој и како граѓаните можат да се вклучат во локални активности.   

Проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократиja” е реализиран од страна на Европската асоцијација за локалната деморатија (АЛДА) Скопје, Здружението на финансиските работници во локалната самоуправа и јавните претпријатија (ЗФР) и Европското движење. Проектот е финансиски поддржан од Европската унија во рамките на ИПА 2 програмата.

Print
Categories: Новости
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x

Барај

E-информатор

Следете ги новостите во рамките на проектот или претплатете се на е-информаторот и сите информации ќе ги добивате на вашата е-адреса

Дигитална библиотека

Посетете ја нашата дигитална библиотека и преземете документи

Апликација

Во изработка

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2019 by Softage
Back To Top