Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language


Новости

“Преку рурален развој до урбана благосостојба”- организирана панел дискусија во Тетово

  • 8 февруари 2019
“Преку рурален развој до урбана благосостојба”-  организирана панел дискусија во Тетово

На ден 07.02.2019 година во Општина Тетово се одржа панел дискусијата "Полошки плански регион низ Европска перспектива: Преку рурален развој до урбана благосостојба" организирана од страна на Европско движење во Македонија во соработка со Општина Тетово во рамки на проектот  „Граѓанските организации во служба на локалната демократија”.

На панел дискусијата присуствуваа голем број на преставници на граѓански организации од полошкиот регион и заинтересирани граѓани. 

Учесниците дискутираа за бројните предизвици на овој регион, од инфраструктурни и туристички капацитети до економскиот развој на руралниот предел и за соодветни решенија за нивно надминување.

Беа споделени конкретни идеи и предлози за развојот на руралниот туризам и земјоделските капацитети на општината. 

Како посебно важна се истакна соработката помеѓу локалната власт и граѓанските организации со цел да се поттикне развојот на регионот. 

Панел дискусијата е организирана во рамките на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија, спроведуван од страна на  АЛДА, Европското движење на Р.Македнија, Здружение на финансиски работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија и Локална самоуправа Велес финансиран од ИПА - 2 механизмот за подршка на граѓанските здруженија.
 

Print
Categories: Новости
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x

Барај

E-информатор

Следете ги новостите во рамките на проектот или претплатете се на е-информаторот и сите информации ќе ги добивате на вашата е-адреса

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2020 by Softage
Back To Top