Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language

Новости

Форуми на тема Финанска и нефинансиска поддршка на граѓанските организации од локалните власти

  • 26 декември 2018
Форуми на тема Финанска и нефинансиска поддршка на граѓанските организации од локалните власти

Здружението на финансиски работници на локална самоуправа и јавни претпријатија – Велес од 05.12- 14.12.2018 година организира пет регионални форуми во Скопје (Скопски плански регион), Битола (Пелагониски плански регион), Кочани (Источен плански регион), Струга (Југозападен плански регион) и Велес (Вардарски плански регион) на тема „Финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти  - состојби, можности и предизвици“ како дел од проектот „Граѓански организации во служба на локалната демократија”.

Форумите им овозможија на преставници на граѓанските организации од различни региони да дискутираат за практиките за финансиска и нефинансиска поддршка на која локалните власти ја овозможуваат за организациите во своите општини. Учесниците на форумите имаа можнст да ги споделат своите искуства како и препораки за подобрување на практиките на општините. 

Голем број на преставници се согласија дека е потребно да се подобри транспарентноста на единиците на локална самоуправа при објавувањето на информации за тоа кои организации добиле средства, колку средства добиле и на кој начин биле вреднувани истите. Тие препорачаа, во функција на обезбедување транспаретно и отчетно финансирање на граѓанските организации од локалните власти потребно е да се пропишат правила на доделување, користење и известување за доделените средства од општинскиот буџет, правилата на доделување да бидат јавно објавени како и во процесот на доделување средства да бидат вклучени сите засегнати страни.

Во текот на форумите беа презентирани и разменувани позитивни практики, како на пример во Општината Македонска Каменица има донесено одлука на совет со кој обезбедува кофинансирање на секое граѓанско здружение која што ќе добие проект финансиран од донатор и која што има потреба од истото. Општина Велес има развиена практика на давање нефинансиска помош на локалните граѓански здруженија. Исто така беше презентиран позитивен пример на финансирање на невладините организации од страна на бизнис секторот.

Придобивките од организирањето на овие форуми се многубројни, како на локално и регионално така и на национално ниво. Темата која што беше опфатена е од круцијално значење за постоењето и функционирањето на граѓанските здруженија особено поради тоа што финансиите се една од областа каде што се соочуваат со предизвици и потешкотии. Токму затоа е потребно темата да се актуелизира со цел да се споделуваат добри практики и обичаи кои што ќе придонесат да надминување на потешкотиите и подобро функционирање во иднина. 

Форумите беа организирани во рамките на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија, спроведуван од страна на  АЛДА, Европското движење на Р.Македнија, Здружение на финансиски работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија и Локална самоуправа Велес финансиран од ИПА - 2 механизмот за подршка на граѓанските здруженија.

Print
Categories: Новости
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x

Барај

E-информатор

Следете ги новостите во рамките на проектот или претплатете се на е-информаторот и сите информации ќе ги добивате на вашата е-адреса

Дигитална библиотека

Посетете ја нашата дигитална библиотека и преземете документи

Апликација

Во изработка

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2019 by Softage
Back To Top