Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language

Новости

Стратегија за локален економски развој- Презентација и дискусија

  • 20 декември 2018
Стратегија за локален економски развој- Презентација и дискусија

На 05.12.2018 година во Старо Нагоричане се одржа тркалезна маса на која што присуствуваа претставници на институции од областа на здравството, социјалната заштита, Општината и локалниот бизнис секор со цел разгледување и дискусија на  стратегијата за локален економски развој  како дел од проектот “Локалната заедница и општината заеднички ја креираат стратегијата за локален економски развој“.

На тркалезната маса присуствуваше и Градоначалничката на Општината Старо Нагоричане, Жаклина Јовановска, која ја потенцираше соработката помеѓу граѓанските организации и локалните самоуправи како и значењето на партнерската соработка помеѓу Рурална Коалиција и Општина Старо Нагоричане во рамките на процесот на стратешко планирање.

Информирањето на јавноста, едукацијата, интер-секторската соработка, вклучувањето на локалниот бизнис сектор, развивањето на прекугранична соработка и  примената на иновативни технологии во земјоделството и руралниот развој се само дел од стратешките области или теми на кои што ќе се работи во наредниот три-годишен период.

Следи период на усвојување на стратегијата на Советот на општината, а првите два месеци од наредната година ќе бидат искористени за запознавање на локалното население со стратегијата и, нејзините цели.

Проектот “Локалната заедница и општината заеднички ја креираат стратегијата за локален економски развој“ е поддржан во рамки на шемата за регрантирање на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ спроведуван од страна на АЛДА, Здружението на финансиски работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија и Европското движење на Р.Македонија и финансиски поддржан од Европската Унија.

Повеќе информации за регрантираните проекти на следната ВРСКА.

Print
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x

Барај

E-информатор

Следете ги новостите во рамките на проектот или претплатете се на е-информаторот и сите информации ќе ги добивате на вашата е-адреса

Дигитална библиотека

Посетете ја нашата дигитална библиотека и преземете документи

Апликација

Во изработка

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2019 by Softage
Back To Top