Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language

Новости

Kонференција за промоција на локалната младинска стратегија во Општина Крушево

  • 10 декември 2018
Kонференција за промоција на локалната младинска стратегија во Општина Крушево

На 06.12.2018 година, во Крушево, во рамки на проектот „Креирање на Локална Младинска стратегија во општина Крушево“, Младински Совет Прилеп во соработка со Општина Крушево и Советот на млади во општина Крушево го одржаа последниот настан за промоција на локалната младинска стратегија, која што беше официјално усвоена од советот на Општина Крушево на 31.10.2018 година.

На настанот присуствуваа Градоначалникот на Општина Крушево, Томе Христоски, претставници на Локалната самоуправа од Крушево како и претставници на Локалниот Совет на млади. На настанот покрај презентација на стратегијата за млади исто така беа дефинирани и клучните приоритети за младите и идните активности кои треба да се превземат.

На донесувањето на локалната младинска стратегија и претходеа низа активности со цел мапирање на потребите и проблемите на младите, како и воспоставување на структура за подготовка на истата. Спроведувањето на стратегијата  ќе придонесе кон подобрување на состојбата на младите преку зголемено активно учество во политичкиот, социјалниот, економскиот и културниот живот во локалната заедница.

Проектот „Креирање на Локална Младинска стратегија во општина Крушево“  е поддржан во рамки на шемата за регрантирање на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ спроведуван од страна на АЛДА, Здружението на финансиски работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија и Европското движење на Р.Македонија и финансиски поддржан од Европската Унија.

Повеќе информации за регрантираните проекти на следната ВРСКА.

Print
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x

Барај

E-информатор

Следете ги новостите во рамките на проектот или претплатете се на е-информаторот и сите информации ќе ги добивате на вашата е-адреса

Дигитална библиотека

Посетете ја нашата дигитална библиотека и преземете документи

Апликација

Во изработка

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2019 by Softage
Back To Top