Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language

Новости

Форуми за дефинирање на приоритети за претстојната година во Општина Пехчево

  • 7 декември 2018
Форуми за дефинирање на приоритети за претстојната година во Општина Пехчево

Од октомври до ноември 2018 год. како дел од проектот “Заедно за развој на општината” имплементиран од страна на Здружението за лековити билки и шумски плодови “Амброзија” во партнерство со Општина Пехчево се одржаа три форуми на кои присуствуваа претставици од локалната власт, невладиниот и бизнис секторот како и месните заедници.

Во рамки на првиот форум, учесниците имаа можност да се запознаат со проектот и со неговите цели во однос на зголемување на партиципативноста на граѓаните, одредување на приоритетите за развој и подобрување на животот во Општина Пехчево.

Во рамки на вториот форум, Градоначалникот на Општина Пехчево, г-дин Драган Тренчовски презентираше дел од проектите кои ќе бидат реализирани во 2019 година, истакнувајќи дека покрај овие проекти, како приоритети за реализација ќе бидат и предлозите од граѓаните на општина Пехчево коишто се од особено значење. Учесниците на овој форум беа дел од вкупно шест работни групи. Тие ги презентираа своите предлог проекти, а дел од нив на последниот форум ќе бидат избрани за приоритети и ќе влезат во програмата на Општина Пехчево за идната година.

На третиот форум присутните како членови на тематски групи имаа можност да гласаат за предлог идеите кои произлегоа од претходниот форум. Проектот кој доби најмногу гласови од граѓаните е “Реконструкција на филтер станица со приклучување на таложник”.

Проектот “Заедно за развој на општината” е поддржан во рамки на шемата за регрантирање на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ спроведуван од страна на АЛДА, Здружението на финансиски работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија и Европското движење на Р.Македонија и финансиски поддржан од Европската Унија.

Повеќе информации за регрантираните проекти на следната ВРСКА.

Print
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x

Барај

E-информатор

Следете ги новостите во рамките на проектот или претплатете се на е-информаторот и сите информации ќе ги добивате на вашата е-адреса

Дигитална библиотека

Посетете ја нашата дигитална библиотека и преземете документи

Апликација

Во изработка

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2019 by Softage
Back To Top