Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language

Новости

Организиран првиот форум посветен на граѓанските организации

  • 6 декември 2018
Организиран првиот форум посветен на граѓанските организации

На 05.12.2018 година, во хотел „Континентал“, Скопје се одржа првиот форум посветен на граѓанските организации, насловен “Финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти- состојби, можности и предизвици”. Овој настан е прв од серија на 8 настани кои ќе бидат организирани во повеќе градови во Македонија.

Финансиите и финасиската поддршка на граѓанските организации, освен што се провлекоа како тема на овој форум, исто така тие беа и тема на истражувањето кое што беше презентирано, анализирано и добро дискутирано. 

Истражувањето беше направено од проф. Борче Треновски и проф. Марина Трпеска, кои ги презентираа резултатите од анализата на финансирањето на граѓанските организации од страна на локалните власти, транспарентноста на тие процеси и достапноста на тие финансии за различни типови на организации.

Од плодната дискусија, која што беше резултат на присуството на граѓанскиот сектор, беа изведени заклучоци и препораки, кои претставуваат квалитетен извор на информации за јавноста на прашањата поврзани со оваа тематика.

Фоумот “Финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти- состојби, можности и предизвици” е организиран во рамките на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија, спроведуван од страна на  АЛДА, Европското движење на Р.Македнија, Здружение на финансиски работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија и Локална самоуправа Велес финансиран од ИПА - 2 механизмот за подршка на граѓанските здруженија.
 

Print
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x

Барај

E-информатор

Следете ги новостите во рамките на проектот или претплатете се на е-информаторот и сите информации ќе ги добивате на вашата е-адреса

Дигитална библиотека

Посетете ја нашата дигитална библиотека и преземете документи

Апликација

Во изработка

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2018 by Softage
Back To Top