Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language

Новости

Грантовата шема: 6 месеци исполнети со активности и позитивни практики

  • 29 ноември 2018
Грантовата шема: 6 месеци исполнети со активности и позитивни практики

12 грантисти на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ веќе половина година активно ги спроведуваат своите проекти во соработка со локалните власти. 

Во првите шест месеци беа спроведени повеќе од 50 активности, во 12 заедници со директно учество на повеќе од 1000 граѓани, преставници на локалните самоуправи, членови на невладини организации, млади и возрасни.

Секој проект имаше за цел да допринесе кон подобрување на соработката помеѓу граѓанскиот сектор и локалните власти. Во таа насока Младинскиот совет во Прилеп во соработка со Општина Крушево ја создадоа и усвоија Локална Младинска Стратегија во Општина Крушево. Здружението ИСИЕ ја креираше интернет страницата „Реферндум“ со цел да ја подобри информираноста на граѓаните на оваа тема. ЗГ Велес Бајкинг во соработка со општините Велес и Градско ги анимираа најмладите на велосипед со цел се дефокусираат децата од современите технолошки уреди. Рурална Коалиција – Куманово и Општина Старо Нагоричане го потпишаа Меморандумот за соработка за спроведување на нивниот проект итн. 

Тоа е само дел од успешните приказни кои произлегоа од проектите на грантистите. 

Повеќе информации за самите проекти и активностите се достапни на интернет страницата на Граѓанските организации во служба на локалната демократија, каде има секција посветена на Грантовата шема, како и на профилите на социјалните мрежи на проектот

Корисни информации:

Интернет страницата на Граѓанските организации во служба на локалната демократија

Вести од Грантистите 

Граѓанските организации во служба на локалната демократија Facebook Профил

Print
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x

Барај

E-информатор

Следете ги новостите во рамките на проектот или претплатете се на е-информаторот и сите информации ќе ги добивате на вашата е-адреса

Дигитална библиотека

Посетете ја нашата дигитална библиотека и преземете документи

Апликација

Во изработка

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2018 by Softage
Back To Top