Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language

Новости

Промоција на две публикации за соработката помеѓу општините и граѓанскиот сектор

  • 8 ноември 2018
Промоција на две публикации за соработката помеѓу општините и граѓанскиот сектор

Две публикации за соработката помеѓу општините и граѓанскиот сектор беа промовирани за време на меѓународната конференција „Европска интеграција низ перспективата на соработка меѓу граѓанските здруженија и локалните власти“ организирана на 6 и 7 ноември 2018 година од страна на Европското Движење на Република Македонија и Европската асоцијација за локална демократија – АЛДА Скопје, во рамки на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ поддржана од ИПА програмата за граѓанско општество и медиуми како и Централната европска инцијатива (ЦЕИ).

За време на настанот авторите на Истражувањата дадоа преглед на нивната методологија и ги презентираа резултатите прикажани во публикациите.

Авторките Станка Парач-Дамјановиќ, Кристина Хаџи-Василева и Билјана Цветановска-Гугоска ја презентираа публикацијата Соработка помеѓу локалните власти и граѓанското општество во Република Македонија изготвена со цел да прикаже преглед на формите на соработка помеѓу локалните власти и граѓанското општество, како и препораки за понатамошен развој на методологијата и транспарентност на системот. Истражувањето дава увид во дел од политичките мерки започнати од страна на владата, иницијативи од страна на локалните власти и граѓанското општество во Република Македонија, но и во другите земји на Западен Балкан со цел да се обезбеди овозможувачка околина за подобрено учество на граѓанските организации во реформите на патот кон процесот на преговори за пристапување во ЕУ.

Авторот Борче Треновски ја презентираше публикацијата Финансиска и нефинансиска поддршка на локалните власти кон организациите од граѓанското општество која прикажува длабинско истражување на финансиската и нефинаниската поддршка на локалната власт кон граѓанскиот сектор, како и идентификација на клучните практики на соработка помеѓу двете страни во Република Македонија. Главните теми опфатени во оваа публикација се најчестите практики на поддршка на локалните власти кон граѓанските организации, транспарентноста на финансиската поддршка и усогласеноста на приоритети со потребите на граѓаните. Главната цел на истражувањето е да сподели корисни и применливи препораки за развој на методологија и транспарентност за финансиска и нефинансиска поддршка од локалните власти до граѓанските организации. 

Публикацијата Соработка помеѓу локалните власти и граѓанското општество во Република Македонија (финансирана од Европска Унија и програмата за соработка помеѓу Нормандија и Македонија) можете да ја преземете подолу, додека пак публикацијата Финансиска и нефинансиска поддршка на локалните власти кон организациите од граѓанското општество е сè уште во изработка и ќе биде прикачена до крајот на месецот во одделот Публикации на интернет страницата. 

Documents to download

Print
Categories: Новости
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x

Барај

E-информатор

Следете ги новостите во рамките на проектот или претплатете се на е-информаторот и сите информации ќе ги добивате на вашата е-адреса

Дигитална библиотека

Посетете ја нашата дигитална библиотека и преземете документи

Апликација

Во изработка

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2018 by Softage
Back To Top