Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language

Новости

Граѓанските организации и локалните власти заедно кон Европа

  • 5 ноември 2018
Граѓанските организации и локалните власти заедно кон Европа

На 6 и 7 ноември 2018 година во Големата сала на Совет на Град Скопје ќе се одржи меѓународната конференција „Европска интеграција низ перспективата на соработка меѓу граѓанските здруженија и локалните власти“ организирана од страна на Европското Движење на Република Македонија и Европската асоцијација за локална демократија – АЛДА Скопје во рамките на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“.

Целта на оваа конференција е споделување на добрите практики од Македонија, Балканскиот регион и земјите од Европска унија за соработката помеѓу граѓанските здруженија и локалните власти и улогата на ваквата соработката во процесот на Европската интеграција

Своето искуство ќе го престават експерти и преставници на локалната и централната власт, претставници на Делегацијата на ЕУ во Скопје, меѓународни организации, претставници од академската средина, претприемачи и други претставници од стручната јавност.На конференцијата ќе учествуваат повеќе од 15 експерти од земјите членки на Централната европска инцијатива, како и од други држави. 

Предвидените панели ќе обработуваат разчични аспекти од соработката помеѓу граѓанските здружнија и локалните власти, како отвореното владино партнерство во служба на локалната демократија како и за предусловите за ефикасна соработка помеѓу граѓанските здруженија и локалните власти, важноста на партнерствата во насока на подобрувањето на економскиот и социјален развој и препознавањето на европските вредности во локалните заедници.

Оваа конференција се одржува во рамките на проектот: „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ е поддржана од ИПА програмата за граѓанско општество и медиуми како и Централната европска инцијатива (ЦЕИ). 

Проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ има за цел да го зајакне влијанието на организациите од граѓанското општество во јавните политики на локално ниво. Проектот е имплементиран од страна на АЛДА Скопје во соработка со Здружението на финансиските работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија и Европското движење во Република Македонија.

Print
Categories: Новости
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x

Барај

E-информатор

Следете ги новостите во рамките на проектот или претплатете се на е-информаторот и сите информации ќе ги добивате на вашата е-адреса

Дигитална библиотека

Посетете ја нашата дигитална библиотека и преземете документи

Апликација

Во изработка

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2018 by Softage
Back To Top