Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language

Новости

Организирана првата работилница на тема „Влијанието на детските игри врз психо-физичкиот развој на децата“ во Велес

  • 3 октомври 2018
Организирана првата работилница на тема „Влијанието на детските игри врз психо-физичкиот развој на децата“ во Велес

На ден 02.10.2018 во просториите на ООУ „Кирил и Методиј“ од Велес беше спроведена првата работилница на тема : „Влијанието на детските игри врз психо-физичкиот развој на децата“ во рамките на активностите на ЗГ Велес Бајкинг-Велес на проектот „Кампања за создавање на позитивни животни практики,здрави навики и вредности!“

Експерти ангажирани на овој проект направија презентација на своите наоди кои се базираат на анкетни прашалници во изминатите три месеци, детална анализа и стручна обработка. Секој од нив, на настанот одржа излагање по што следуваше и директна комуникација со присутните деца кои пројавија  интерес за оваа тема. 

Првата презентација ја имаше м-р Александар Домазетов- педагог во ООУ Васил Главинов во Велес на тема „Анализа и интерпретација на резулатите добиено од спроведеното истражување во рамки на проектот - „Кампања за создавање на позитивни животни практики, здрави навики и вредности!““. Главниот заклучок од ова истражување е дека децата од основните училишта најчесто слободното време го поминуваат на интернет, а најмалку читајќи книги. Добиените резултати предупредуваат за големата и честа употреба на најновите технолошки инструменти.

Во рамките на втората презентација психологот Соња Ристовска говореше за влијанието на детските игри врз психо-физичкиот развој на децата и преку директна компарација ги истакна добрите и лоши страни на игрите на отворено во споредба со оние на компјутер.

Третата презентација беше од Наташа Коцева – професор по физичко образование, на тема „Деформитетите кај децата кои се резултат на физичка неактивност и неправилен начин на исхрана“, каде што беше истакнато значењето на здравата исхрана како и нејзиното влијание на растот и развојот на децата.

По излагањето на експертите следеше дискусија, каде што децата имаа можност подобро да се информираат за некои од темите како и да поставуваат прашања.

Проектот „Кампања за создавање на позитивни животни практики,здрави навики и вредности!“ е поддржан во рамките на шемата за регрантирање на проектот “Граѓанските организации во служба на локалната демократија”, спроведуван од страна на  АЛДА, Европското движење на Р.Македнија, Здружение на финансиски работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија и Локална самоуправа Велес.
Повеќе информации за регрантираните проекти на следнатa ВРСКА.
 

Print
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x

Барај

E-информатор

Следете ги новостите во рамките на проектот или претплатете се на е-информаторот и сите информации ќе ги добивате на вашата е-адреса

Дигитална библиотека

Посетете ја нашата дигитална библиотека и преземете документи

Апликација

Во изработка

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2018 by Softage
Back To Top