Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language

Новости

Одржана првата работна средба на проектот “Креирање на Локална Младинска Стратегија во општина Крушево”

  • 24 септември 2018
Одржана првата работна средба на проектот “Креирање на Локална Младинска Стратегија во општина Крушево”

На 17.09.2018 година во ОУ „Никола Карев“ - Крушево, се одржа првата средба во рамки на проектот “Креирање на Локална Младинска Стратегија во општина Крушево” на работната група составена од 13 учесници. Учесниците кои се дел од работната група доаѓаат од локални институции (Општина Крушево, средното општинско училиште „Наум Наумовски – Борче“ од Крушево, основно училиште „Никола Карев“ - Крушево), Советот на Општина Крушево (двајца советници), партиски подмладоци (СДММ и УМС), средношколска заедница, локални младински организации и граѓански организации.

Присуството на претставници од различни институции, организации и тела придонесе за плодна дискусија за стратешката цел на локалната младинска стратегија; беа избрани членови на координативно тело, беа распределени членови на две работни подгрупи со цел детална разработка на сите четири приоритетни области

Различниот профил на сите учесници, непрекинатото говорење, пријатната атмосфера и големиот ентузијазам и мотивираност допринесоа кон успешното реализирање на оваа активност. Од дискусијата може да се изнесе генерален заклучок дека младите од Општина Крушево како и претставниците на институциите имаат особен интерес и јасна желба за креирање на Локална младинска стратегија која ќе ги отсликува реалните потреби на младите, а во исто време ќе ги има вистинските предлози за надминување на предизвиците на младите и претварање на Општина Крушево во плодна почва за реализација на младинските идеи и потреби.

Проектот “Креирање на Локална Младинска Стратегија” во општина Крушево” е поддржан во рамките на шемата за регрантирање на проектот “Граѓанските организации во служба на локалната демократија”, спроведуван од страна на АЛДА, Европското движење на Р.Македнија, Здружение на финансиски работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија и Локална самоуправа Велес.

Повеќе информации за регрантираните проекти на следната ВРСКА.

Print
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x

Барај

E-информатор

Следете ги новостите во рамките на проектот или претплатете се на е-информаторот и сите информации ќе ги добивате на вашата е-адреса

Дигитална библиотека

Посетете ја нашата дигитална библиотека и преземете документи

Апликација

Во изработка

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2018 by Softage
Back To Top