Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language


Новости

АЛДА го носи ЕЛоге во Хрватска и Северна Македонија

  • 23 јули 2021

Hа 29-ти март се одржа, преку видеоконференција, „Европската заинтересирана платформа на Стратегијата за иновации и добро владеење на локално ниво“ - важна сесија организирана од Советот на Европа за да се разгледа состојбата на демократијата и доброто управување во земјите-членки на Советот на Европа. Таквата проценка е извршена според Европската етикета за извонредност на владеењето (ЕЛоге) и 12-те принципи на добро управување.

АЛДА ја доби акредитацијата за спроведување на ЕЛоге во Хрватска и Северна Македонија до јуни 2023 година.

Поконкретно, состанокот беше повод АЛДА и другите европски организации да ги презентираат барањата за акредитација и обновување за спроведување на ЕЛоге на целните територии.Со тоа сме горди и возбудени да објавиме дека АЛДА ја доби акредитацијата за спроведување на ЕЛоге во Хрватска и Северна Македонија до јуни 2023 година.

Слично на тоа, како и нашите минати активности во Молдавија и Украина, во текот на следните 2 години АЛДА ќе испорача специјализирани обуки за локалните и регионалните власти, граѓанските организации и граѓаните од околу 15 хрватски и македонски општини. Ваквите курсеви ќе им овозможат на овие засегнати страни длабинско познавање на демократските процеси и алатки, овозможувајќи и следејќи ги спроведувањето на 12-те принципи на добро демократско управување на локално ниво.

Со нетрпение очекуваме да ја продолжиме нашата мисија за зајакнување на локалните заедници низ целата проширена Европа, работејќи рамо до рамо со Советот на Европа и Конгресот на локалните и регионалните власти, преку наше силно партнерство и заедничка визија.

 

Print

Name:
Email:
Subject:
Message:
x

Барај

E-информатор

Следете ги новостите во рамките на проектот или претплатете се на е-информаторот и сите информации ќе ги добивате на вашата е-адреса

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2021 by Softage
Back To Top