Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language


Новости

Форуми во Кавадарци и Дебар

  • 24 декември 2019
Форуми во Кавадарци и Дебар

Здружението на финансиски работници од локалната самоуправа и јавните претпријатија во соработка со Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА) – Скопје и Европското движење (ЕД), реализираше два форуми на тема: „Финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти“ во Кавадарци и Дебар. 

На форумите кои се одржаа на 17.12.2019 година во Кавадарци и на 19.12.2019 година во Дебар учествуваа 70-тина претставници од граѓанаските организации, општинската администрација и општинските совети. Тие проследија презентација за истражувањето: „Финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти“, а воедно дискутираа за утврдените состојби, заклучоците и препораките за подобрување на финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти, кои се дел од истражувањето. 

Учесниците на форумите се согласија со потребата од зголемување на финансиските средства наменети за активностите на граѓанските организации, а воедно и го истакнаа заеднички став дека се потребни промени во регулативата кои ќе доведат до унифицирање на начинот на доделување на финансиска и нефинансиска поддршка од општините во корист на граѓанските организации. 

Форумите се организирани во рамките на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија, спроведуван од страна на  АЛДА, Европското движење на Р.Македнија, Здружение на финансиски работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија и Локална самоуправа Велес, финансиран од Европската Унија.
 

Print
Categories: Новости
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x

Барај

E-информатор

Следете ги новостите во рамките на проектот или претплатете се на е-информаторот и сите информации ќе ги добивате на вашата е-адреса

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2020 by Softage
Back To Top