Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language


Новости

Публикација „Истражување на финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти”

  • 25 ноември 2019
Публикација „Истражување на финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти”

На кој начин општините ги поддржуваат граѓанските организации? Дали соработката помеѓу локалната самоуправа и граѓанскиот сектор е подобрена? Кои општини јавно објавиле повик за проекти? Публикацијата “Истражување на финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти” ги содржи одговорите на овие прашања и многу повеќе. 

Истражувањето, спроведено од страна на Здружението на финанскиски работници на локалната самоуправа и јавните претпријатија (ЗФР), има за цел да прикаже корисни и применливи препораки за транспарентност за финансиска и нефинансиска поддршка од локалните власти до граѓанските организации.

Оваа публикација ги содржи најчестите практики на поддршка на локалните власти кон граѓанските организации, како и транспарентноста на финансиската поддршка и усогласеноста на приоритети со потребите на граѓаните.

За потребите на истражувањето, вклучени беа 43 општини преку онлајн прашалник од 8 статистички региони; беа спроведени 30 интервјуа со претставници на општини и граѓански организации и беше спроведена анализа на практиките на различните општини и беа идентификувани сличностите и разликите меѓу општините. 

Публикацијата издадена на македонски, албански и англиски можете да ја пронајдете подолу.

Истражувањето беше спроведено во рамките на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“. Проектот е имплементиран од Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА) - Скопје, Здружението на финанскиски работници на локалната самоуправа и јавните претпријатија (ЗФР) и Европското движење на Република Северна Македонија и е финансирано до Европската унија. 

Documents to download

Print

Name:
Email:
Subject:
Message:
x

Барај

E-информатор

Следете ги новостите во рамките на проектот или претплатете се на е-информаторот и сите информации ќе ги добивате на вашата е-адреса

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2020 by Softage
Back To Top