Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language


Новости

Европските интеграции во перспектива на Вардарскиот регион

  • 11 ноември 2019
Европските интеграции во перспектива на Вардарскиот регион

Европско движење во Република Северна Македонија (ЕДРМ) во соработка со Општина Кавадарци организираат панел дискусија, во Општина Кавадарци, на 12 ноември 2019 година со почеток во 11 часот. Панелот претставува дел од активностите на проектот: „Граѓанските организации во служба на демократијата„. 

Целта на оваа дисусија е да ги афирмира европските инцијативи за потесна соработка на локалните власти со граѓанските здруженија од регионот, но и со другитечинители во развојните процеси на општината (претприемачи, фармери, просветни, културни работници). 

Панел дискусијата ќе ја отвори Митко Јанчев, градоначалникот на општина Кавадарци, додека панелисти ќе бидат Трпе Стојановски, професор на Факултетот за безбедност, Универзитет „Св. Климент Охридски“– Битола и експерт за евроинтеграции, Милева Ѓуровска, претседател на ЕДРМ, преставници на АЛДА Скопје и Здружението на финансиски работници од Велес, додека пак Јадранка Мршиќ, професор на Универзитетот „Американ колеџ“ – Скопје ќе ја модерира сесијата. 

Предвидена е јавна и отворена дебата која ќе придонесе во поставувањето на виталните прашања и  во преземање нови инцијативи.

Панел дискусијата е организирана во рамките на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија, спроведуван од страна на  АЛДА, Европското движење во Република Северна Македонија, Здружение на финансиски работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија и Локална самоуправа Велес финансиран од ИПА - 2 механизмот за подршка на граѓанските здруженија.
 

Print
Categories: Новости
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x

Барај

E-информатор

Следете ги новостите во рамките на проектот или претплатете се на е-информаторот и сите информации ќе ги добивате на вашата е-адреса

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2019 by Softage
Back To Top