Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language

За проектот

Проектот „Граѓанските организации за функционирање на локалната демократија“ е осмислен да го зајакне влијанието на организациите од цивилниот сектор на јавните политики на локално ниво во Република Северна Македонија. Активностите треба да придонесат за воспоставувањето на соработка помеѓу граѓанските организации и локалните власти, како и креирањето на позитивен финансиски амбиент за граѓанските организации. Со спроведувањето на проектните активности ќе ја зајакне улогата на граѓанското општество како клучен фактор за ЕУ интеграциските процеси.

Проектот предвидува комбинација на меѓусебно поврзани активности, дизајнирани да ги исполнат следните проектни цели: градење на капацитети, активности за истражување и поддршка, ре-грантирање, вмрежување и подигнувањето на свесност.

Специфичните цели на проектот се:

- Создавање правни и финансиски услови за граѓанските организации на локално ниво; - Поттикнување и развој на одржливи механизми за соработка помеѓу граѓанското општество и локалните власти; - Зајакнување на локалните капацитети на граѓанските организации со цел да станат значајна засегната страна во граѓанскиот дијалог и донесувањето одлуки на локално ниво; - Охрабрување размена на добри практики, вмрежување и соработка на национално, регионално и европско ниво.

Соодветно на овие цели, активностите се создадени за да поддржат соработка помеѓу граѓанските организации и локалните власти, но и да придонесат кон создавањето на соодветни финансиски можности за мали организации, со што би се зајакнала улогата на граѓанското општество како клучен фактор во процесот на ЕУ-интеграција.

Со цел создавање одржливо влијание, проектот опфаќа повеќе целни групи: 1) граѓански организации; 2) локални власти со избалансирана географска и демографска застапеност и 3) Центри за регионален развој како едни од факторите на развој на локално и регионално ниво.

E-информатор

Следете ги новостите во рамките на проектот или претплатете се на е-информаторот и сите информации ќе ги добивате на вашата е-адреса

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   


 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2024 by Softage
Back To Top