Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language

Соработка меѓу граѓанскиот сектор и локалната самоуправа: поттик за стратешки развој

  • 27 февруари 2019
Соработка меѓу граѓанскиот сектор и локалната самоуправа: поттик за стратешки развој

Рурална коалиција и Општина Старо Нагоричане ја презентираа Стратегијата за локален економски развој на Општина Старо Нагоричане на 20.02.2019 година во просториите на општината. Како партнери на проектот “Локалната заедница и жителите заеднички ја креираат стратегијата за локален економски развој“, заедно работеа на изработката на стратегијата една година претходно вклучувајќи ги во процесот сите засегнати страни и локални чинители.

„Важноста на овој документ е од 2019 до 2023 година и искрено се надевам дека ќе ги исполниме очекувањата и потребите за развој во Општината. Изготвен е добар и квалитетен стратешки документ, којшто во целост ќе ги исполни поставените задачи на тимот на ЛЕР, кој беше специјално составен за оваа намена. Како што стои во документот ние ќе се фокусираме на развој на руралниот туризам и прекуграничната соработка, меѓутоа истовремено ќе работиме и на подобрување на патната и комунална инфраструктура, бидејќи тоа е предуслов за севкупниот развој на секоја општина“, – истакна градоначалничката на општината г-а Жаклина Јовановска..

Изработката на овој документ преку еден инклузивен процес и во блиска соработка со граѓанскиот сектор уште еднаш ја докажа неоходноста од заедничко делување на граѓаните и институциите, бидејќи доброто на локалната заедница е заеднички интерес кон кој што се стремиме сите ние.

Со завршната конференција се заокружи и проектот “Локалната заедница и жителите заеднички ја креираат стратегијата за локален економски развој“ на Рурална коалиција, којшто  е поддржан во рамките на шемата за регрантирање на проектот “Граѓанските организации во служба на локалната демократија”, спроведуван од страна на  АЛДА, Европското движење на Р.Македнија, Здружение на финансиски работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија и Локална самоуправа Велес.

Повеќе информации за регрантираните проекти на следнатa ВРСКА.

Print
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x

E-информатор

Следете ги новостите во рамките на проектот или претплатете се на е-информаторот и сите информации ќе ги добивате на вашата е-адреса

Дигитална библиотека

Посетете ја нашата дигитална библиотека и преземете документи

Апликација

Во изработка

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2019 by Softage
Back To Top