Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language

Усвоени Локалните Акциони Планови за лицата со попреченост

  • 8 февруари 2019
Усвоени Локалните Акциони Планови за лицата со попреченост

Усвојувањето на засебните стратегии насловени како „Локален Акционен План за лица со инвалидност“ е главниот резултат во рамките на активностите на  Здружението на лица со церебрална парализа – Велес, при спроведување на проектот „Стратегија за лица со инвалидност-ЛАПЛИ“.

Целта на проектот е зајакнување на влијанието на граѓанските организации кои работат со лица со попреченост во креирање на јавните политики

Несомнено е дека процесот на подготовка на стратешкиот документ воопшто не беше лесен, бараше труд, посветеност и напорна работа, но резултатот е повеќе од задоволувачки: усвојување на локалните акциони планови наменети за лица со попреченост во општините Кавадарци, Градско и Чашка.

Локалниот акционен план за Општина Чашка беше усвоен на седница на Советот во ноември 2018 година, за Општина Градско акциониот план се усвои во декември 2018 година, а во јануари 2019 година го изгласа и Општина Кавадарци.

Донесувањето на ваквите стратегии отвара можност за непосредна и долгорочна соработка на лицата со попреченост, граѓанските организации кои работат во нивна полза и локалната власт. Локалните акциони планови содржат јасно дефинирани приоритетни области на делување на сите локални чинители и засегнати страни и воедно даваат јасна слика за придвижување на активностите на локално ниво во полза на лицата со попреченост.

Проектот  „Стратегија за лица со инвалидност-ЛАПЛИ“ е поддржан во рамките на шемата за регрантирање на проектот “Граѓанските организации во служба на локалната демократија”, спроведуван од страна на  АЛДА, Европското движење на Р.Македнија, Здружение на финансиски работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија и Локална самоуправа Велес.

Повеќе информации за регрантираните проекти на следнатa ВРСКА.

Print
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x

E-информатор

Следете ги новостите во рамките на проектот или претплатете се на е-информаторот и сите информации ќе ги добивате на вашата е-адреса

Дигитална библиотека

Посетете ја нашата дигитална библиотека и преземете документи

Апликација

Во изработка

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2019 by Softage
Back To Top